Младински културен центар е основан во 1972 година под името „Дом на млади – 25 Мај“. Основната задача и цел на МКЦ е промоција на културата, културните и научните вредности на младите.
Со богата програма, опфат на сите културни изрази (музика, филм, театар, литература…), научна дејност, работилници и предавања, дебати и дебатни клубови, МКЦ од самиот почеток зазема стратешки битна позиција во животот на младите во градот Скопје, но и во целата република. https://mkc.mk/nastani/